XВестиЛокално

Тинејџер од Скопје со нож се обидел да му го одземе животот на својот татко!

Страшен настан се случи во населбата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде што 17-годишно момче е осомничено дека се обидело да го убие својот татко со десет убоди со нож.

Според податоците од Јавното обвинителство, малолетникот му пријде на својот татко од зад грб, додека тој се наоѓал во спалната соба, и го нападнал со остар предмет. Во тие моменти, мајката на тинејџерот успеала да интервенира и да го спречи, по што веднаш повикала брза помош.

Жртвата беше итно пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што беше подложен на сложена хируршка интервенција и сè уште се наоѓа во животно-загрозувачка состојба.

Против малолетникот е поведена постапка за „обид за убиство“, а Обвинителството предложи мерка притвор. Истражните постапки за целосно расветлување на случајот продолжуваат./PortaliX

Related Articles

Back to top button