
Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе се одржи свечена церемонија за доделување на државната награда „8 Септември“, највисокото признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот.
Добитник на наградата за животно дело за 2025 година е Јошко Миленковски, кој е награден за неговиот извонреден придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план.
Покрај него, признанија за значајни остварувања во спортот ќе добијат и Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, тренери и спортски работници, кои оставиле силни траги во спортот на земјата.
Наградите ги доделува Советот за државната награда „Септември“, кој традиционално го организира овој настан во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста.



