XВести

Започнаа градежните активности во ОУ „ Јашар Беј Шкупи“ во Дуќанџик

По неодамнешната посета на кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во ОУ „Јашар Беј Шкупи“, започнаа градежните активности за трансформација на ова училиште.

„Пред неколку дена го посетив Основното училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Дуќанџик и ги идентификувавме проблемите кои го попречуваа нормалното одвивање на наставата и ја загрозуваа безбедноста на целата училишна заедница. На персоналот му ветив дека веднаш ќе интервенираме за да ги исполнеме нивните барања и потреби. Денес, акцијата започна“, изјави Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир од ВЛЕН.

„Во моментов се врши уривање на стариот дел од училиштето кој претставуваше ризик за учениците, наставниците и целиот персонал. На негово место ќе се изгради модерна спортска сала, детско катче и четири нови училници, со што ќе се создадат побезбедни и пофункционални услови за наставниот процес. Со овие инвестиции, ОУ „Јашар Беј Шкупи“ ќе биде втората школа во Чаир што ќе работи само во една смена, овозможувајќи повеќе простор и време за учење, активности и развој на учениците. Ние работиме. Ние градиме. Ние делуваме за сите. Затоа што ова место ВРЕДИ(ВЛЕН)!“, пишува на Фејсбук Меџити.

Related Articles

Back to top button