
Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Мехџити, вети дека ќе изгради модерен паркинг кој ќе ги реши проблемите на илјадници семејства што ја одржуваат економијата на оваа општина. Според него, ќе се изгради современ паркинг кој не само што ќе им помогне на бизнисите, туку и ќе го олесни сообраќајот на граѓаните во овој значаен дел за економијата на општината.
„Од овде ако излеземе кон улицата на пластиките, се сеќаваме, таму имаше куќи од кал. Навистина не се направени сите според план, но денес изгледа 10 пати подобро отколку што беше пред 15 години. На пример, имаше тенденција кога ја реконструираа улицата да постават некои високи тротоари за да не може да се паркира подлабоко! Ако го дозволевме ние тој висок тротоар што градот Скопје сакаше да го постави, ќе требаше за две недели сите тие дуќани да се затворат, сите тие семејства, сите тие бизниси таму да исчезнат, сите тие семејства да останат без работа, без бизниси, пред банкрот или да ги префрлат бизнисите во други општини. Ние на некои места толериравме, не е направено најдоброто, но не дозволивме висок тротоар, дозволивме да се паркира како што е и сега, сè додека не се направи паркинг со сите стандарди, да му ја понудиме на граѓанинот алтернативата, а потоа да воведеме казни“, изјави Изет Меџити.


