
Настанот се случува на 25 јуни 2019 година. Она што следува потоа е вистински правен перверизам.
Иако на видеото јасно се гледа дека станува збор за крос мотоцикл, во службените документи се заведува друго возило — мотоцикл од типот Kawasaki ZX-10R.
Ова бидејќи кросот, односно мотоциклот со кој 7-годишното дете беше удрено, не бил регистриран.
Но, тука не завршува сè…
Недостаток по недостаток, одлагање по одлагање, се доаѓа до јуни 2025 година — кога предметот застарува.
И така, обвинетиот се спасува без никаква казна.
Неговиот адвокат, Бранко Кузмановски и партнерите… Запомнете го ова име, затоа што повторно ќе се сретнеме со него во следниот материјал каде ќе обработиме слична тема — застарување на предмет.
За трагедијата да биде уште поголема, нема никаква информација дали Јавното обвинителство во Прилеп го обжалило овој судски епилог.
Побаравме одговор официјално од Апелациониот суд, но не добивме повратен одговор.
Според информациите што ги добивме од наши извори — до денес, жалба нема поднесено.



