XВести

Осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски Палчо од аеродром директно во Шутка

Љупчо Палевски Палчо, кој се сомничи за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, беше екстрадиран во Македонија. Со комерцијален лет Палевски во придружба на полицијата слета на скопскиот аеродром, каде потоа беше приведен во затворот Шутка.

 

На 30 април Министерството за правда соопшти дека Турција дозволила екстрадиција на Палевски. Палевски избега, но беше уапсен во Турција на 5 декември. Тој е екстрадиран под истрага за кривично дело разбојништво и убиство.

Related Articles

Back to top button