
Една лекарка за Порталикс раскажува како ја отпуштија од работа само затоа што бараше медицинска опрема да ги прегледа работниците а во амбулантата во рамките на компанијата Бехтел и Енка.
„Постојано наидував на неправилности, за кои се жалев и на заменик-менаџерот Месут Коркмаз, бидејќи амбулантата веќе еден месец е без лекар на Санте Плус 2. Во меѓувреме, јас како лекар не смеев да ги проверам а медицинксата сестра ги испраќаше работниците во јавни или приватни болници за преглед“, рече таа.
Како што и Државниот инспекторат констатираше дека се работи надвор од протоколите, амбулантата привремено ја затвори. При увидот пронајдени се употребени медицински материјали, медицински отпад, шприцеви, инфузии, лекови кои можат да го загрозат животот на работниците.



