XВестиЛокално

Петар Богојески се заканувал и навредувал медицинска сестра, сомнежи за прикривање на случајот од МВР

Сериозен инцидент е пријавен на Клиниката за кардиологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде според официјалните податоци и информациите обезбедени од PortalX, политичарот Петар Богојески се сомничи дека ѝ се заканувал и ја навредувал медицинска сестра за време на работното време.

Според полицискиот билтен, „на 19 март 2026 година во 02:20 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Куманово, вработена како медицинска сестра, пријавила дека на 18 март околу 23:35 часот, лице со иницијали П.Б. (79) од Скопје, кое дошло во придружба на женско лице на лекарски преглед, упатувало закани кон неа и кон друг вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Сепак, според извори на PortalX, станува збор за Петар Богојески, кој е идентификуван и преку безбедносните камери на Клиниката за кардиологија.

Она што дополнително отвора сомнежи е начинот на кој случајот е прикажан во полицискиот билтен. Додека медицинската сестра е наведена со иницијали и возраст, Богојески е наведен само со годината на раѓање, создавајќи впечаток дека станува збор за повозрасно лице, што довело до погрешно пренесување на веста од дел од медиумите.

Настанот доаѓа во период кога насилството врз жени е во пораст. Петар Богојески, познат по остар, често навредлив и провокативен речник во јавните настапи, според сведоштвата и во овој случај користел навреди, пцовки и закани кон медицинската сестра која се обидувала да ѝ помогне на неговата мајка.

Снимките што ги поседува клиниката од безбедносните камери јасно го прикажуваат моментот на неговото влегување во Клиниката и евидентирањето на неговата мајка во системот. И покрај навредите и заканите, медицинскиот персонал професионално ја завршил својата работа, а пациентката, односно мајката на Богојески, според информации од извори, била многу љубезна и е пуштена дома во добра здравствена состојба.

Related Articles

Back to top button