
Случајно или не,
Сопругата на заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, моментално е ангажирана како библиотекарка во Основното училиште „Наим Фрашери“ во Куманово, со договор на определено време.
Директорот на училиштето вели дека никој не интервенирал, дека таа сама се вработила и дека допрва ќе биде објавен оглас за трајно вработување. Според него, тоа не значи дека токму таа ќе биде избрана.
Затоа, останува отворено прашањето дали идниот оглас ќе биде навистина фер — или само формалност.
Во Македонија, јасно е дека кога некој веќе е ангажиран со договор на определено време, а потоа се отвора конкурс за вработување, исходот однапред е познат.
Побаравме одговор и од заменик-министерот Астрит Исени, но до овој момент не добивме став.



