
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека Владата е подготвена да именува привремени градоначалници во четирите општини каде што локалните избори беа неуспешни поради недостиг на цензус.
Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше, каде што граѓаните не излегоа во доволен број за да бидат признаени резултатите.
„Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно законот. За да го сториме тоа, најпрво треба да добиеме известување од Државната изборна комисија дека изборите се завршени и дека во тие четири општини се сметаат за неуспешни. Потоа Владата ќе ги именува привремените градоначалници,“ изјави Мицкоски.
Тој додаде дека со ваквиот потег ќе се обезбеди континуитет во работата на општините сè до организирањето на повторените избори.



