XВести

“Козле пред колапс” Отворено писмо до Премиерот од страна на вработените

Во ек на сезоната на респираторни инфекции „Институт по Белодробни заболувања кај децата-Козле“ се наоѓа пред колапс. За тоа што се случува во клиниката посочуваат и реагираат веќе неколку месеци околу 30 лекари кои до сега имаат испратено десетици жалби до надлежните институции и премиерот но досега не добиле никаков одговор. Тие се обратија и до редакцијата на Порталикс.
Тие како најголем проблем кој влијае во фунскионирањето на клиниката но и услугата која треба да ја имаат децата го посочуваат уништувањето на бронхоскопијата во Козле.

„Директорката им се закануваше со отказ на ОРЛ специјалистите кои одбиваа да работат бронхоскопија со недоволно едуциран кадар. За да докаже дека не се во право, формира нов тим во кој единствен искусен бронхоскопист е пензиониран ОРЛ специјалист. На фиктивниот список фигурираат уште педијатри и инфектолог, кои никогаш немаат направено бронхоскопија и ОРЛ специјалист кој сеуште се обучува“.
Само три бронхоскопии се направени откако е именувана Симоновска, со тоа се доведува до знак прашалник и третманот кои треба да го добијат најмалите пациенти а тоа се децата.

„Списоци за приправност не постојат и кога ќе дојде итно дете под сомнение за вдишено туѓо тело, решението е да се прапраќа на Клиниката за ОРЛ. Со ова менаџирање, директорката постигна од извршени 67 бронхоскопии 2023 година, преку од 40 бронхоскопии извршени од јануари до јуни 2024 година, вкупната бројка на бронхоскопии од почетокот на нејзиното директорување до сега да ја сведе на само 3 бронхоскопии. Што е ова ако не е уништување на оваа дејност која успешно се одвивала повеќе од 50 години“.

Таа истотака незаконски разреши членови на одбори и именува лица кои се неискусни.

„Незаконски разреши внатрешни членови на Управниот одбор и без образложение разреши раководители на оддели со највисоки наставни и стручни звања, единствени во својата област и без ниту една дамка во работењето. Разрешува вработени додека се на боледување, назначува други додека се на годишен одмор, дава по вторпат решенија за разрешување, истовремено прогласувајќи ги претходните за неважечки. Формира тимови за алергологија, функционална дијагностика, кои ги сочинуваат доктори кои работат акутна патологија и со доенчиња, каде овие методи се просто неприменливи. Дава додатоци за нешто за што до сега се сметало дека е работна обврска на секој во клиникатаБез никаква логика (ниту медицинска ниту човечка) нареди на интензивна нега да се примаат сите доенчиња до 3 месеци и деца на кои им треба кислородна поддршка, бројка која во овој период од годината далеку го надминува капацитетот на таа нејзина “интензивна нега”, па за време на дежурство, како и во прва смена, се соочуваме со многу непријатни ситуации кога пациенти кои се веќе стабилни, во 03-04 часот ноќе од интензивна се префрлаат по други оддели, зошто на некое сосема стабилно дете му притребало малку кислород, па мора да се однесе на интензивна нега. Пациенти со мајки се рашетуваат на сред ноќ, деца се префрлаат од еден оддел на друг во неисчистени соби (ноќе нема хигиеничарки)“.

Најавуваат и штрајк или евентуални откази, во време кога има дефицит на педијатри во јавното здравство.

Related Articles

Back to top button