Двајца малолетници заедно со нивните родители биле претепани во центарот на Скопје. Тие тврдат дека биле нападнати од навивачката група „Комити“.Околу 22 часот и 30 минути се движеле на скопскиот плоштад каде без повод и причина група од 20 лица почнале брутално да ги тепаат нанесувајќи им тешки телесни повреди.
Полицијата се уште не ги фатила напаѓачите, но не информираа дека се работи на расчистување на случајот.
По однос на вашето прашање, ве известуваме дека Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот“, велат од МВР.
Овој инцидент доаѓа во време кога во центарот на вниманието се дебатите за насилството во спортот и влијанието на навивачките групи врз општеството. Заедницата е загрижена за безбедноста на младите и бара властите да преземат итни мерки за да се спречат слични инциденти во иднина. Пред неколку дена од некои лица беше нападнат и претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.
Порталикс пред неколку месеци објави во Ченто младо момче бил претепан од членови на Комитите, додека полицијата се уште не ги открила напаѓачите.