XStoryXВести

ЈП „Водовод“ Куманово: Проблемот е повеќе од 50 години, превземаме чекори за изнаоѓање на решение

Нема одговор дали ќе се затвори нелегалната шахта која шири фекалии во подрумите на стамбената зградата

По објавата на Порталикс за тоа што се случува на станарите на стамбената зграда во Куманово реагираа и од Водовод и Канализација. Преку соопштение велат дека проблемот на станарите од станбен објект на ул. Србо Томовиќ бр. 31 во Куманово, датира уште многу одамна, пред повеќе од 50 години , кога со неадекватно времено решавање на приклучок на стамбени објекти позади предметната зграда и нерасчистување на катастарската парцела која подоцна е лоцирана станбената зграда, е доведено до состојба да канализационите приклучоци на објектите да поминуваат низ катастарската парцела каде е лоцирана зградата.

„Бидејќи оваа приклучна канализација (првично изработена само за еден објект а потоа на неа се приклучиле уште 5 куќи) е изработена со бетонски цевки на кои експлоатационен век им е 30 – 40 години, истата во последните десетина години е во фаза на пропаѓање, што може да се утврди по неколку годишни интервенции од наша страна а по барања на граѓаните од овие шест куќи. Минатата година овие граѓани побараа и исфинансираа изработка на ревизиона шахта на ул. Србо Томовиќ непосредно пред спој со уличната фекална канализација на предметната улица, но без поголем резултат, канализацијата не можеше да се прочисти и беше речиси целосно затната а фекалните води се излеваа во подрумските простории на станбената зграда“, велат од ЈП Водовод и канализација Куманово.

Додаваат дека претпријатието направи напор и помош на граѓаните им даде повеќе решенија и напаствија за решавање на проблемот.

„Според наше сознание веќе се преземени чекори за разрешување на состојбата. Останува само проблемот околу имотно правни односи и дозвола на станарите на станбената зграда на ул. С. Томовиќ бр. 31 за изведба на градежните работи преку нивната катастарска парцела“, додаваат од претпријатието.

Од таму не даваат информации кога ќе се затвори нелегалната шахта. За тоа што се случува на овие станари погледнете го видеото од сторијата.

Related Articles

Back to top button