„Селим е многу поврзан со својот асистент. Кога тој ќе изостане дури и само еден ден, детето не сака да остане во училиштето и се враќа дома. Станува збор за дете со длабока психолошка чувствителност“, се вели во писмото од семејството Мурати, кое го испратија до ПорталX.
Тие истакнуваат дека одлуката за замена на асистентот е донесена без консултации со нив, а се загрижени за влијанието што тоа може да го има врз идното образование на нивниот син.
„Бараме од Министерството и надлежните институции да не дозволат дете со посебни потреби да остане без неопходната поддршка. Ако не се постапи со чувствителност, постои ризик Селим да не продолжи повеќе со школувањето“, се вели во апелот.
Семејството Мурати апелира да не се повредува правото на детето на образование и еднаква интеграција, барајќи институцијата да дозволи продолжување на работата на актуелниот асистент, кој воспоставил цврста врска на доверба со детето.
Контактиравме и со координаторката на албанските асистенти, Аделина Хаскај, како и со Министерството за образование, но сѐ уште нема одговор.

