Министерството за образование и наука презеде обврска да го разгледа случајот со ученикот од Отља кој ризикува да го прекине школувањето поради одлуката да му се смени личниот образовен асистент.
По пријавата од родителите на детето до ПорталX, како и до Министерството за образование, од таму ни одговорија дека разговараат со вклучените страни за решавање на случајот.
„Дописот е пристигнат и во министерството. Ќе разговараме со раководството на училиштето кое е надлежно за распределба на образовните асистенти“, велат од МОН.
Во меѓувреме, ја прашавме и координаторката на асистентите на албански јазик Аделина Хаскај во врска со обвинувањата, но таа не одговори.

