Portali X
Lajme

Граѓаните не можат да добијат социјален број во ЦСР Кисела Вода, системот не работи

1 min 0
Граѓаните не можат да добијат социјален број во ЦСР Кисела Вода, системот не работи
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Граѓани се обратија до редакцијата на ПорталИкс со тврдења дека веќе неколку дена не можат да добијат социјален број во Центарот за социјална работа – Кисела Вода, поради што не можат да ги продолжат постапките за остварување на одредени права, меѓу кои и правото на туѓа нега.

Според нивните сведоштва, од институцијата им било кажано дека причината за застојот е технички проблем со системот.

„Нема социјален број, нема туѓа нега со новиот систем. Луѓето чекаат, а на сите им велат дека нема што да завршат и дека залудно ќе чекаат бидејќи нема систем. Порано со стариот систем само се носеа документите и се добиваше решение, а сега мора да има и социјален број. Не може да се внесе ништо бидејќи системот не работи“, изјави еден граѓанин за ПорталИкс.

По овие информации, ПорталИкс се обрати до Центарот за социјална работа – Кисела Вода со прашања дали проблемот ги засега сите центри за социјална работа или само ова одделение, кои права во моментов не можат да се реализираат, дали се преземаат мерки и кога се очекува системот повторно да биде функционален.

Од Одделението за социјална работа – Општина Кисела Вода потврдија дека во изминатите два до три дена имаат технички проблем со печатењето на социјалните броеви, но нагласуваат дека приемот на барања се одвива непречено.

„Во врска со рокот на поднесување барање, граѓаните можат да поднесат барање без никаков проблем. Два до три дена имаме проблем со социјалните броеви и не сме во можност да ги печатиме. Контактирана е компанијата што го одржува системот и добивме информации дека во текот на денешниот ден проблемот ќе биде отстранет. Секако, ќе бидат примени и услужени сите граѓани. Преземени се сите мерки и Центарот секојдневно функционира за прием на барања, а проблем има само со социјалните броеви“, велат од Центарот.

Од институцијата уверуваат дека застојот е привремен и дека граѓаните нема да бидат оштетени поради роковите за поднесување на барањата.

Автор: Кристина Ивановска

Ndaje

Të ngjashme