
Предлог-законот за игрите на среќа, кој Владата го претстави пред два дена, не го предвидува затворањето на онлајн платформата „Megawin“.
Во новиот предлог се предвидуваат: казината и обложувалниците да бидат на најмалку 500 метри од училиштата, ограничувања за рекламирање, забрана за реклами насочени кон малолетници, отстранување на видеолотариски апарати од обложувалниците и мерки против нелегалното онлајн коцкање.
Но дали навистина станува збор за нов предлог или рециклирани мерки? Голем дел од овие мерки години наназад се предлагаа.
И тогаш беше предвидено: 500 метри оддалеченост од училиштата, повисоки лиценци, ограничувања за отворање нови објекти и построги правила за приредувачите на игри на среќа.
,,Влен, силно ја погодува индустријата на коцкањетоʼʼ, напиша Изет Меџити на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, повикувајќи се на предложените измени кои пред две години ги критикуваше додека беше во опозиција.
Во тоа време, Меџити не се согласуваше особено членот кој предвидуваше дислоцирање на објектите за игри на среќа на 500 метри од училиштата и бараше итно затворање на сите казина и обложувалници.
Како од агендата исчезна ветувањето за затворање на Мегавин
Едно од главните ветувања што доминираше во предизборната кампања на Изет Меџити беше токму целосното затворање на казината.
Додека Меџити најавуваше „војна“ против коцкањето, државната платформа „Мегавин“ продолжи да функционира непречено.
Политичкото ветување за негово затворање датира уште од 26 септември 2024 година. Тогаш, еден ден откако Владата ја задолжи Државната лотарија да ги започне постапките за укинување на фирмите „Моцарт“, „Битс 77“, „Везув“ и платформата „2win.mk“, Меџити порача дека и „Мегавин“ ќе биде затворен.
„Мегавин“ ќе биде затворен.0% државна и има поинаква процедура. На следниот состанок во вторник, исто така ќе биде затворена и таа и 100% онлајн игрите на среќа ќе бидат надвор од функција во РСМ“, изјави тогаш Меџити.
„Мегавин“, единствената платформа за онлајн игри на среќа која доби монополска позиција откако Владата ги згасна концесиите со други фирми во кои Државната лотарија имаше доминантна сопственост, требаше да ја доживее истата судбина како и останатите онлајн платформи. Но, и повеќе од една година подоцна, тоа не се случи. Напротив, во изминатиот период „Мегавин“ доби засилена промоција преку телевизии, интернет, билборди, автобуси и јавен простор.
Но, ветувањето остана без епилог.
Опозициската ДУИ тогаш му ја залепи етикетата „Изет Мегавин Меџити“, обвинувајќи го дека ја штити платформата и покрај ветувањата за борба против онлајн казината.
Портал Икс во февруари 2026 година потсети на ветувањата за затворање на „Мегавин“, но од Владата следуваше поумерен тон. Наместо конкретен рок за затворање, беше соопштено дека е потребна „детална анализа“ и дека процесот е покомплексен. Од Владата порачаа дека е во тек подготовка на нов Закон за игрите на среќа кој треба да ги надмине претходните недостатоци.



