XВестиЛокално

Струјата поскапува од 2 до 4 проценти од 1 јануари

Од 1 јануари ќе има зголемување на цената на електричната енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Поскапувањето ќе биде постепено и ќе зависи од тарифниот блок.

За првиот блок, цената на електричната енергија се зголемува за 2,45%, за вториот блок за 2,87%, за третиот блок за 3,32%, додека за четвртиот блок зголемувањето изнесува 3,84%.

За евтината тарифа, РКЕ донесе одлука за зголемување од 2,50%.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, изјави дека барањата кои пристигнале од ЕВН Хоум биле за зголемување над 8% во различни тарифни блокови, но Комисијата се одлучила за пониски проценти, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните.

Related Articles

Back to top button