XВестиЛокално

Запленети 2.500 инфузиски сетови опасни по здравјето на граѓаните

Запленети се 2.500 инфузиски сетови – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија – кои се опасни по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

„Последен случај каде што јасно се гледа нашата заложба за заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сетови во царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е утврдено дека тие се кинеска стока, а не германска, која била предмет на дозвола за увоз. Бидејќи сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка“, истакна Николовски.

Директорот дополнително информира дека минатата година биле спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболни стероиди, при што биле запленети 600 илјади килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.

Related Articles

Back to top button