XВестиЛокално

Блерим Беџети под истрага за лажни документи и штета од 1.7 милиони евра во Општина Сарај

Поранешниот градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, е еден од главните осомничени во кривичната пријава што Дирекцијата за финансиска полиција ја поднесе до Основното јавно обвинителство – Скопје. Заедно со уште седум поранешни и сегашни службеници од Општина Сарај и Град Скопје, тој се сомничи за сериозни злоупотреби во областа на урбанизмот.

Според информациите од првичната истрага, Беџети и останатите пријавени одобриле градежна документација со невистинита содржина, иако знаеле дека за катастарската парцела КП 10405/6 во Сарај не постои усвоен урбанистички план. Сепак, биле изготвени и потпишани преглед на план, одобрение за градење и финансиски пресметки за надомест за уредување на градежно земјиште, со што ги надминале своите службени овластувања.

Во случајот е инволвиран и надзорниот инженер Л.Т., кој според Финансиската полиција изготвил краен технички извештај со лажна содржина.

Со ваквите дејствија, според надлежните, пријавените ѝ овозможиле на фирмата „Азра Идриз“ ДООЕЛ Глумово – Сарај да оствари противправна имотна корист од 108.638.840 денари (околу 1,76 милиони евра).

Случајот е предаден во Обвинителството, кое ќе ги преземе следните чекори во постапката.

Related Articles

Back to top button