XВестиЛокално

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

На автопатот Скопје – Велес, по наплатната станица во Сопот, пред тунелот кај селото Башино, имало свлечиште, поради што во текот на претпладнето сообраќајот се одвивал во една насока.

Во исто време, на истото место се случиле две сообраќајни незгоди со материјална штета. Повредени лица нема.

Во текот на попладнето сообраќајот е нормализиран, а бидејќи врнежите се прекинати, сообраќајот и на овој дел, како и на целата територија на Македонија, се одвива непречено.

Related Articles

Back to top button