
Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово соопшти дека водата за пиење во Тетово моментално не е исправна за консумирање, бидејќи дошло до заматување на изворите како резултат на обилните врнежи дожд.
Од претпријатието информираат дека утре ќе се направат нови анализи на водата, по што граѓаните навремено ќе бидат известени кога водата ќе може повторно да се користи за пиење.
„Ве известуваме дека во рок од еден час ќе започне пуштањето на вода во мрежата за водоснабдување низ целиот град. Сепак, поради силните врнежи кои продолжуваат и вечерва во регионот на Пoпочна планина (Кодра е Диеллит), дојде до заматување на водата на изворите на Шара, па водата останува заматена и неупотреблива за пиење. Граѓаните се замолуваат водата да ја користат само за елементарни потреби (хигиена и чистење), сè додека не завршат новите лабораториски анализи. Следните анализи ќе се извршат утре, по што граѓаните ќе бидат веднаш информирани за резултатите и квалитетот на водата. Ви благодариме за разбирањето и соработката“, стои во известувањето од ЈКП „Шари“ – Тетово.


