
Поранешниот министер ја нарече „дело на урбаната мафија“, сопственикот го демантира со судска одлука
„Излезе тука, на приватен имот и ме направи мене крадец„.
Алајдин Хасани, сопственик на парцелата во близина на Тетовската болница, ги отфрла како невистинити тврдењата на поранешните директори на Болницата во Тетово, дека наводно парцелата каде што се поставени резервоарите со нафта на болницата е „узурпирана од урбаната мафија“.
На оваа парцела, уште од 1980 година се поставени резервоарите со нафта на Тетовската болница. Од тогаш па сѐ до денес, сопствениците на земјиштето никогаш не побарале резервоарите да се отстранат.
„Во последната одлука што ја донесе второстепениот суд, Апелација во Гостивар, ова земјиште е моја, приватна сопственост. Тие ја користат само затоа што јас им дозволив да ја користат„, додаде Хасани.
Покрај резервоарите со нафта, на парцелата е изграден и бетонски ѕид, за чиј уривање беше побарано со одлука на Општина Тетово уште во 2024 година, откако беше утврдено дека е изграден незаконски.
Сепак, ѕидот и понатаму стои таму.
Ја контактиравме и Тетовската болница, но актуелниот директор одби да даде изјава со образложение дека, доколку има потреба, со случајот ќе се занимаваат адвокатите.



