
На 23 октомври 2025 година, околу 19:50 часот, 57-годишен жител на тетовско село пријавил во СВР Тетово дека бил измамен за 18.000 евра од лице од Турција.
Според пријавата, осомничениот со иницијали Џ.Д., сопственик на фирма за монтажа на лифтови во станбени објекти, имал пријавено престој на адреса во Тетово и во септември годинава се договориле заедно да увезуваат пелети за греење од Турција.
Оштетениот изјавил дека осомничениот во три наврати му зел пари под изговор дека се работи за нарачка на стока, но подоцна дознал дека веднаш ја продал на друго место и станал недостапен на мобилните телефони.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


