XВести

Две нови прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк во Македонија

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025 и врз основа на извештаите од мониторингот на медиумското покривање на изборниот процес, Советот на Агенцијата на денешната 15. седница донесе одлука да покрене прекршочна постапка против „ТВ 24 Вести“ и „ТВ Вистел“.

„На 19 октомври, за време на вториот ден од изборниот молк, двете телевизии емитуваа изјави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој врши функција во државен орган,“ соопштија од Агенцијата.

Според наводите, „ТВ Вистел“ двапати емитувала прес-конференција на министерот Тошковски, додека „ТВ 24 Вести“ ја пренела неговата изјава во вестите во 10:00 часот.

Од Агенцијата потсетуваат дека за време на изборниот молк е забрането пренесување на изјави, активности или настапи на носители на јавни функции кои можат да влијаат врз избирачите.

Related Articles

Back to top button