XВестиЛокално

Само за време на викендот уапсени 13 „опасни возачи“

За време на изминатиот викенд, 13 лица се уапсени поради безобзирно управување со возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик, а биле регистрирани вкупно 1.502 сообраќајни прекршоци.

Во текот на викендот (11–12 октомври 2025), како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги спроведуваат полициските службеници на патиштата низ државата, од вкупно 1.502 изречени казни, 958 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале дозволената брзина на движење.

Поради безобзирно управување со возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик, лишени од слобода се 13 лица, од кои:

четворица за управување под дејство на алкохол,

четворица за возење со поголема брзина во населено место, и

петмина за возење со поголема брзина надвор од населено место.

Според статистичките податоци од полициските активности, регистрирани се 97 прекршоци за неправилно паркирање, 122 мерки против возачи без возачка дозвола, како и 47 санкции за возење под дејство на алкохол.

Исто така, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, пет возачи на мотоцикли се казнети за неносење заштитен шлем, а двајца пешаци се санкционирани. Покрај тоа, 43 учесници во сообраќајот се казнети затоа што не користеле сигурносен појас.

Во согласност со Законот за возила, 33 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а три поради техничка неисправност. Пет возачи се санкционирани поради непочитување на условите за затемнување на стаклата (фолии).

Полицијата соопшти дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се придонесе кон побезбедни патишта.

Related Articles

Back to top button