XВестиБалкан

Вјоса Османи му го довери мандатот за формирање влада на Албин Курти

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, врз основа на своите уставни овластувања, денес го потпиша Декретот со кој го мандатира Албин Курти за формирање на Владата на Република Косово.

Одлуката е донесена по официјалниот предлог на партијата Левизја Ветевендосје, која освои најголем број пратенички места во Собранието, според резултатите од изборите одржани на 9 февруари оваа година.

Според Уставот, мандатарот за формирање влада, г. Курти, е должен во рок од најмногу петнаесет (15) дена од денот на декретирањето да му ја поднесе на Собранието на Република Косово составот и програмата на Владата за одобрување.

Претседателката Османи му посака успех на г. Курти, актуелен премиер во технички мандат, со надеж дека Република Косово наскоро ќе добие влада со полн уставен мандат.

Related Articles

Back to top button