XВестиЛокално

Ограби златарница пред очите на граѓаните и побегна, полицијата сè уште трага по него (ВИДЕО)

Вечерва во центарот на Гостивар се случила несекојдневна и дрска кражба, кога маскирани разбојници успеал да ограби златарница, и покрај тоа што настанот бил снимен и се случил пред очите на случајни минувачи.

Од Секторот за внатрешни работи во Тетово информираат дека сторителите сè уште се во бегство.

„На 10.10.2025 година, во 18:45 часот, во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица, вооружени со автоматско оружје, извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, по што побегнале со возило марка „БМВ“ без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот“, информираат од СВР Тетово.

Related Articles

Back to top button