XВестиЛокално

Полициска акција во Битола: Приведен почесниот конзул на Белорусија за местење тендери

Во Битола утрово е спроведена голема акција на Финансиската полиција, при што е уапсен еден од највлијателните бизнисмени во градот, осомничен за манипулации со тендери во РЕК Битола.

Според неофицијални информации, станува збор за Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија. Првичните сознанија укажуваат на можни злоупотреби со тендери во вредност од околу 1,6 милиони евра.

Компанијата што се поврзува со него често била во фокусот на јавноста поради профитабилните договори што ги добивала од државата. Опозицијата претходно обвинуваше дека со само десет булдожери ангажирани во РЕК Битола, фирмата заработувала околу 60 илјади евра дневно, а во период од две години инкасирала околу 200 милиони евра од државни тендери.

Надлежните институции засега немаат излезено со официјална потврда за акцијата, а истрагата на Финансиската полиција продолжува. Во следните денови се очекуваат повеќе детали за случајот.

Related Articles

Back to top button