
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од јануари годинава до крајот на септември, сообраќајната полиција изрекла казни за 18.458 возачи кои учествувале во сообраќај без да поседуваат возачка дозвола. Најмногу вакви случаи се регистрирани во регионите на Скопје и Струмица.
„Најголем број прекршоци од овој вид се евидентирани на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Струмица и Скопје — соодветно 3.275 и 3.202 прекршоци; потоа на територијата на СВР Битола се санкционирани 2.811 лица, во СВР Тетово се изречени 2.086 мерки, а во СВР Куманово се казнети 1.660 возачи поради управување без возачка дозвола,“ информираат од МВР.


