
Полицијата во Скопје го уапси М.Ј. (40) од Скопје, откако при претрес во неговиот дом пронашла поголема количина дрога.
Според МВР, при претресот биле пронајдени две ќеси со амфетамин, пет шишиња со течен амфетамин, состојки за негова подготовка, како и дигитална вага со траги од кокаин.
М.Ј. е лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и тргување со дрога“, по член 215 од Кривичниот законик.


