Uncategorized @mkXВестиЛокално

Избегале од патрола, двапати го удриле полициското возило и направиле сообраќајна несреќа

На 06.10.2025 година, во близина на населеното место Нова Колонија, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план на СВР Скопје, ги лишиле од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата, кои се осуденици на издржување казна во КПД Идризово, но во моментот биле на привремен отпуст, додека се движеле со патничко возило „Рејнџ Ровер“ по ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на дадениот сигнал од полициските службеници и се дале во бегство.

Веднаш биле преземени мерки и активности за нивно запирање, при што била организирана потера по возилото кое се движело кон обиколницата, а потоа кон регионалниот пат Скопје–Велес. Возилото било запрено од полицијата во близина на населеното место Нова Колонија.

Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „Мазда“, се обиделе да го престигнат возилото „Рејнџ Ровер“, возачот двапати го удрил полициското возило. Еден од полициските службеници испукал предупредувачки истрели во воздух, но возилото не застанало и продолжило да се движи, сè до моментот кога во близина на Нова Колонија излетало од патот.

При преглед на возилото биле пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила. Лицата Н.А. и А.Ј. биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Related Articles

Back to top button