XВестиЛокално

Сообраќајот на државните патишта без проблеми, задржувања нема ниту на граници

Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми проблеми, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните подрачја е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Автомобилско-мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисури и долини, каде што постои можност за одрони на земјиште.

Ова особено се однесува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Related Articles

Back to top button