
Автомотосојузот на Македонија информира дека е воведена забрана за сообраќај за товарни возила на магистралниот пат Маврово – Дебар.
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ
- Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, поради насобран снег на коловозот.
- Од 19:55 часот забрана е воведена и на патниот правец Гостивар – Стража, се наведува во соопштението.


