
Октомври носи два неработни дена за сите граѓани. Првиот е 11 Октомври – Денот на народното востание, кој оваа година паѓа во сабота. Вториот е 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој паѓа во четврток и ќе овозможи продолжен викенд за оние што ќе ги спојат деновите.
До крајот на годината, уште еден празник ќе биде неработен за сите – 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот на Св. Климент Охридски.
Кон крајот на месецот граѓаните ќе треба да ги поместат стрелките на часовникот. Зимското сметање на времето започнува ноќта меѓу 25 и 26 октомври, кога во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час назад – на 2 часот. Посебноста оваа година е што промената се случува порано отколку во претходните години.


