XВестиЛокално

58% од институциите во РСМ не доставиле податоци за службените возила

Само 42% од институциите доставиле податоци за службените возила пред локалните избори во 2025 година, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од вкупно 1.514 институции кои биле обврзани, 635 доставиле податоци, а 879 институции (58%) воопшто не го направиле тоа.

Од институциите што доставиле информации, 63% го направиле тоа во законскиот рок и пријавиле вкупно 4.079 возила, додека 232 институции поднеле податоци за 2.558 возила по истекот на рокот. Во Регистарот на возила досега се заведени 6.637 возила, од кои 5.456 се во исправна состојба за сообраќај, 1.003 се неисправни, а за 178 возила воопшто нема информации за состојбата.

ДКСК потенцира дека постојат значителни несовпаѓања меѓу податоците доставени од институциите и оние добиени од Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи случаи кога одредени институции пријавиле возила кои воопшто не постојат во базата на МВР.

Комисијата ја објави листата на институциите што не доставиле податоци, како и преглед на пријавените возила. Целта е зголемување на транспарентноста и спречување на евентуални злоупотреби на службените возила во изборната кампања.

Related Articles

Back to top button