XВестиЛокално

ВЛЕН го прашува Ахмети за „нон грата“

Коалицијата ВЛЕН јавно го праша Али Ахмети зошто ги брани функционерите прогласени за „нон грата“ од САД. Во писмена реакција тие бараат одговор и за, како што велат, пазарот со партијата „Левица“ во Струга.

„Коалицијата со селотејп Таравари–Села–Ахмети, притисната од поразот што ја очекува на 19 октомври, веќе влезе во пазар со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција – денес стануваат ортаци со Левица само за едно парче власт.

Али Ахмети сè уште му должи на јавното мислење одговори на прашањата: Зошто му дозволивте на градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? Зошто продолжувате да ги браните луѓето прогласени за „нон грата“ од САД поради корупција? Кога беше вашиот последен состанок со некој релевантен меѓународен фактор?

Светот веќе знае која е ДУИ. Само тие, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги излажат Албанците. Но на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен“, се вели во реакцијата.

Related Articles

Back to top button