XВестиЛокално

Полицијата: Беше пријавено дека 7-годишното девојче било донесено без знаци на живот на Одделението за анестезија

Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со соопштение за случајот со смртта на 7-годишното девојче, за што, според тврдењата на семејството, виновна е наводна негрижа од медицинскиот персонал на Клиничката болница во Тетово.

Од СВР Тетово велат дека, според пријавата, девојчето било донесено без знаци на живот во болницата.

„На 21.09.2025 година во СВР Тетово од Клиничката болница Тетово било пријавено дека осумгодишно девојче било донесено без знаци на живот на Одделението за анестезија, откако претходно било згрижено на Одделението за педијатрија во истата болница. Веднаш беше постапено по пријавата и беше известен јавен обвинител, кој констатираше дека семејството не дозволило да се изврши обдукција и го презело телото на девојчето за погреб. Во соработка со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, информираат од СВР Тетово.

Од друга страна, и Основното јавно обвинителство Тетово излезе со соопштение, во кое наведува дека телото на 7-годишното девојче сепак ќе биде подложено на обдукција.

„Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, а утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче“, соопштуваат од ОЈО Тетово. /PortaliX

Related Articles

Back to top button