XВестиЛокално

Четири пожари сè уште активни во Македонија

Центарот за управување со кризи го соопшти најновиот извештај за пожарите во Северна Македонија.

До 12:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола и изгаснати се 3 пожари.

АКТИВНИ: 4

Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (букова шума);
Општина Македонски Брод: Планина Добравода (ниска вегетација);
Општина Чучер Сандево: с.Брест, Малино маало (шума);
Општина Бутел: бул.Словенечка – во близина на аквадуктот (нискостеблеста вегетација).


ПОД КОНТРОЛА: 3

Општина Гази Баба 1: с.Трубарево (електричен отпад);
Општина Гази Баба 2: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);
Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума);


ИЗГАСНАТИ: 3

Општина Струмица: с.Банско (депонија);
Општина Кочани: с.Бели (депонија);
Општина Тетово: Тетово (ѓубре).[часот]

Related Articles

Back to top button