
Тешка несреќа се случи попладнево во планините кај селото Јалоча Горна, во општина Врапчиште.
По превртување на теренско возило, едно лице паднало во бездна.
Поради непристапниот терен, во акцијата биле вклучени и хеликоптери и специјални единици. Лицето било спасено и пренесено во Клиничкиот центар во Скопје на лекарски третман.


“Денеска, на 21.09.2025 година, во 17:24 часот, е добиена пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени ПС Гостивар и ПС Галате.
Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице.
Лицето ќе биде транспортирaно до Клинички центар за укажување на понатамошна медицинска помош„, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.


