
Министерството за внатрешни работи известува дека граѓаните на Северна Македонија ќе бидат навремено информирани за новите правила за патување во Европската Унија, кои стапуваат на сила на 12 октомври 2025 година. Целта е да се избегнат застоите и чекањата на граничните премини.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека граѓаните ќе треба да поднесуваат апликации преку интернет, во согласност со актуелните европски регулативи. Тој додаде дека соработката со европските партнери е континуирана, со цел целата постапка да биде едноставна и достапна за граѓаните. „Апликацијата ќе се поднесува онлајн, ќе одзема само неколку минути и ќе важи две години. Штом добиеме официјални информации од ЕУ, ќе ги споделиме со граѓаните,“ изјави Јанев.
Новите правила за влез/излез (EES) стартува на 12 октомври, а постепеното воведување ќе трае шест месеци во 29 европски земји, вклучувајќи ги 25-те членки на Шенген зоната, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Во првичната фаза преку системот ETIAS нема да се бара никаква акција од патниците, додека точниот датум на неговото стартување ќе биде соопштен неколку месеци пред воведувањето. Целосното применување на системот ќе започне на 10 април 2026 година, кога ќе стартува и електронското евидентирање на дните на престој.



