
По 34 години независност, за првпат оваа администрација јасно го разделува користењето на државните ресурси од партиските цели. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на заедничката прес-конференција со директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, ги презентираше првите бренд таблички за службените возила.
Јанев нагласи дека секоја злоупотреба во рамки на Министерството за внатрешни работи се истражува, а секој што ќе прекрши правилата ќе сноси одговорност. Тој исто така посочи дека е отворена оперативна акција „Локални избори 2025“, со цел полицијата да постапува професионално и да обезбеди фер и демократски избори.
Во однос на новите правила за патување во Европската Унија кои стапуваат на сила од 12 октомври, Јанев најави дека граѓаните навремено ќе бидат информирани за апликациите кои треба да се пополнуваат преку интернет, со важност од две години, за да се избегнат застои на патните премини.



