Uncategorized @mk

Комисијата за контрола на прислушувањето се одложи на неодредено, Гаши требало да побара од Реџепи тој да ја закаже

Закажаната седница на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање што требаше да се одржи денеска во 11 часот е одложена без објаснување и не е познато кога ќе се одржи.

Седницата требаше да ја води пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, бидејќи претседателот Скендер Реџепи нема безбедносен сертификат, но и понатаму не го напушта местото.

Неофицијално, причината е токму „небезбедниот“ Реџепи, откако материјалите биле доставени директно до Петровска, заобиколувајќи го него. Ниту заменик-претседателот Блерим Беџети од ДУИ нема сертификат, па не може да свика седница.

Иако според договорот раководењето му припаѓа на албанскиот опозициски блок – Европскиот фронт предводен од ДУИ – нивните пратеници немаат безбедносни сертификати, оставајќи ја АНБ практично без парламентарна контрола./ПорталX

Related Articles

Back to top button