
Во овој лифт ја загуби животот 29-годишниот Мујадин Муртезани, додека работел на фасадата на оваа зграда во Кисела Вода.
Вратата на лифтот се отворила, но кабината не била тука. Мујадин паднал во празнината и починал на лице место.
„Го прашав: Што се случи? Беше рано наутро, дури што беше тргнат на работа. Ми рече: Мујадини почина. Беше пријател за нас и за целото семејство. Не можев да поверувам. Случајот се случи на 09.09.2020. Поминаа пет години.
– Дали станот бил вселен?
Да, бил вселен.
– Брат ти работел на фасадата?
Да, на фасадата.
– Тоа значи дека лифтот требало да биде функционален и за станарите?
Да, можело да се случи и на некој друг“, изјави Буњамин Муртезани, братот на починатиот.
Пет години подоцна, нема никаква правна последица за компанијата што го одржува лифтот во зградата. Предметот е во опасност да застаре. Станува збор за компанијата „Еуро-Лифт“ од Скопје. Стапивме во контакт со сопственикот, кој нè упати кај фирмата што го добила тендерот за обнова на фасадата.
Работите станаа уште посимптоматични кога истиот одговор го добивме и од адвокатот кој бил ангажиран од семејството Муртезани.
Три пати се обидовме да добиеме одговори од адвокатот. Двапати бевме во канцеларија, третиот пат разговаравме телефонски, но и по две недели не добивме одговор. Поради тоа, прашањата ги испративме по е-пошта:
-
Откако семејството Муртезани ви даде полномошно, кои законски чекори сте ги презеле за да обезбедите правда за ова семејство?
-
Дали сте примиле некаква финансиска понуда од некоја од вклучените компании со цел да го одложите или дозволите да застаре случајот?
-
Зошто до денес не е поднесена ниту една кривична пријава од ваша страна, ниту е преземен друг правен чекор?
-
Имате ли личен интерес случајот да застаре?
Одговор до денес – нема. Но, веруваме дека го знаеме.
Иако за два месеца ќе поминат точно пет години од трагедијата, поднесена е само една кривична пријава – од страна на Државниот инспекторат за труд, против компанијата што ја работела фасадата, затоа што работникот не бил пријавен.
Адвокатот не поднел ниту една тужба.
Зошто?
Изгледа специјалитет на адвокатската канцеларија е – застарување на предметите. Веројатно ви е познат случајот што го објавивме вчера.
Неколку дена подоцна, од адвокатската канцеларија пристигна одговор во кој ги негираа обвинувањата и тврдеа дека сè е направено во интерес на клиентот, но дека Јавното обвинителство е тоа што треба да го продолжи истражувањето.



