
Денес, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот. Од Градската болница потврдуваат дека веднаш биле преземени мерки за реанимација, но лекарите констатирале дека жртвата веќе била почината во моментот на приемот.
„Денес, околу 10:55 часот, во болницата е донесено лице од машки пол, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека лицето веќе е починато“, изјавија од Градската болница, во врска со пукањето во Батинце.
Околностите на настанот и причината за повредите сè уште не се познати, а надлежните органи веќе започнаа истрага. Станува збор за Агим Мухареми од Батинце, припадник на Армијата на Северна Македонија.





