XВести

Трауматологија се „гори“ – ризик за операциите

На адреса на ПорталX пристигна пријава за нефункционирање на клима уредот на Клиниката за трауматологија во државната болница „Мајка Тереза“.

Вработени кои стравуваат од одмазда од менаџментот, изјавија за ПорталX дека температурата во операционите сали достигнува 29,5 степени Целзиусови, додека максимално дозволената температура за таков оперативен простор е 20 степени. За ова ни испратија и фотографија на која јасно се гледа проблематичната температура.

Покрај ризикот од инфекции за време на операциите, и медицинскиот персонал не може нормално да функционира при вакви високи температури, поради носењето на хируршки мантили, капи, ракавици и маски, кои се задолжителни од хигиенски причини за време на оперативната постапка.

Од разговор со вработени на оваа клиника дознавме дека проблемот трае со години и се актуализира секое лето, но освен ветувања – досега не виделе ништо конкретно.

Related Articles

Back to top button