Обвинителството го отфрла случајот за смртта на 19-годишникот од струен удар, родителите бараат правда
По повеќе од една година истрага, Јавното обвинителство не најде елементи за кривично дело во случајот со смртта на 19-годишниот Љупчо Лешко од струен удар.

По повеќе од една година истрага, Јавното обвинителство не најде елементи за кривично дело во случајот со смртта на 19-годишниот Љупчо Лешко од струен удар. Според обвинителството, причината била погрешна и слаба електрична инсталација на музичката опрема од самиот починат, а не одговорноста на сопственикот на куќата во Радишани, Скопје, каде се одржувала роденденската забава.
Обвинителството ги отфрли и тврдењата дека куќата работела како нелегален угостителски објект, врз основа на изјавите на општинските службеници.
Од друга страна, родителите на Љупчо го сметаат истражувањето за непотполно и бараат повторно отворање на случајот. Тие посочуваат сведочења на младите присутни кои исто така почувствувале електричен удар при допир на музичката опрема, особено засилувачот што било во сопственост на сопственикот, а не на нивниот син.
„Одлуката на Јавното обвинителство е небазирана, површна и не ги зема предвид низа клучни докази кои ја потврдуваат постоењето на негрижа и кривична одговорност. Ние доставивме конкретни и проверливи докази кои укажуваат на отсуство на електрични безбедносни стандарди во објектот каде што се случи настанот, вклучувајќи го и отсуството на заштитни уреди како што е електричниот диференцијал (ФИД), сведоштва за обиди за влијание врз сведоците веднаш по инцидентот, како и фактот дека дел од електричната опрема која беше користена таа вечер била во сопственост на лицето што го управувал објектот, а не на нашиот син. Исто така, целата обработка на техничките докази и сведоштва беше извршена со доцнење, делумно и непрофесионално, врз основа на ограничени вештачења кои не ја одразуваат реалната состојба на местото на настанот. За нас, ова не е само судски случај – ова е обид да разбереме зошто го изгубивме нашиот син и да спречиме слични трагедии да не се повторуваат. Во име на правдата и во спомен на нашиот син, бараме Јавното Вишо обвинителство сериозно и непристрасно да го преиспита овој случај и да ѝ наложи на Основното обвинителство да ја продолжи кривичната постапка. Ние не бараме одмазда – ние бараме одговорност и вистина“, велат родителите на починатиот Раде и Кети Лешко.
Тие тврдат и дека опремата преку која се пренесувала струјата во денот на смртта е исчезната, а сведоците биле исплашени и под влијание на сопственикот на објектот, кој не одговорил на обвинувањата кога бил контактиран од порталот ПорталИкс. А обвинителството не одговори на обвинувањата на родителите туку им даде правна поука запишана на секоја обвинителска одлука, дека имаат право на жалба.
„Доколку во кривичната постапка имате својство на оштетен на донесеното Решение со кое се отфрла кривичната пријава имате право на жалба во рок од 8 дена од денот на приемот до повисокиот орган, односно до Вишото јавно обвинителство Скопје„.


