XВести
(ВИДЕО) Во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза вратите затворени
Вработени не дошле на работа затоа што немало интернет
До редакцијата на ПорталиX пристигнаа поплаки за Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Во видеото испратено од граѓанин, може да се слушне како единственото лице што се наоѓа во клиниката објаснува дека никој не дошол на работа бидејќи нема интернет.
Недостигот од интернет го оставил овој пациент без преглед.
ПорталиX стапи во контакт со раководителот на клиниката, но ни беше кажано дека ќе добиеме одговор утре, бидејќи работното време заврши.


