
Директорот на Токсикологија, Данил Петровски, иако побара 10 дена од годишниот одмор, се запишал дека и ќе дежура. За да го потврдиме ова отидовме на клиника но иако инсистиравме да го видиме дежурниот доктор, но тој воопшто не излезе да потврди дека е дежурен.
Организациската директорка Бесија Иљази предупреди дека директорот директорот дежура за да и даде „на рака“ и се сомнева дека парите што ги добива ги дава на снаата Наташа, која е вработена на оваа клиника. Она што е уште посомнително е што според финансиските извештаи не и се издава плата на Наташа вработена на шалтер на клиника. Како е можно да работиш на шалтер на клиника и да не земаш плата?
Министерот за здравство Илир Демири денеска го разреши директорот на Токсикологија. Во документот со кој се соопштуваат причините се наведуваат причините дека навредувал по етничка основа и вршел притисок врз вработените Албанци. Но, имаше и реакција на дел од вработените кои никогаш не се потпишаа во нивните соопштенија.
За повеќе детали погледнете ја целата приказна.