XВестиЛокално

Наместо К-15 во пари, вработените во Национални шуми ќе добијат огревно дрво

Известување што стигна до нашата редакција покажува дека од вработените се бара согласност за компензација на регресот за 2023, 2024 и 2025 година со огревно дрво од склад, наместо со парична исплата.

Документот е заведен на 25 март годинава, а Воедно, наведени се и износите на регресот: 10 илјади денари за 2023 година, 10.984 денари за 2024 и 12.372 денари за 2025 година.

Ова отвора прашања дали станува збор за законски дозволен начин на исплата на право од работен однос, односно дали регресот може да се компензира со огревно дрво наместо да се исплати во пари.

Од Национални шуми побаравме одговори за тоа кој ја донел ваквата одлука, врз основа на кој пропис и дали вработените имаат право да ја одбијат оваа понуда.

Одговори побаравме и од Државниот трудов инспекторат, со прашање дали К-15 може да се компензира со огревно дрво наместо да се исплати парично.

До објавување на видеото одговор не добивме од ниту една институција.

Related Articles

Back to top button